Президиумот MacBee со учество на саемот „Вкусот на Македонија“

[:mk]

На саемот „Вкусот на Македонија“ на кој 22 мали и средни бизниси од руралните краишта на Македонија ги претставија своите автентични производи, а кој се одржа од 11-ти до 13-ти ноември во ТЦ Рамстор, учество зеде и президиумот MacBee. Президиумот на македонската автохтона медоносна пчела – MacBee, под закрила на Слоу Фуд Македонија, се претстави со повеќе автентични производи од македонската медоносна пчела произведени на пчеларската фарма „Додевски“. Иван Додевски сопственик на пчеларската фарма „Додевски“ и член на MacBee, ја искористи оваа можност освен со благодетите на палетата пчелни производи, посетителите на саемот да ги запознае и со работата на здружението MacBee, а особено со значењето на заштитата на нашата локална медоносна пчела.

Галерија:

[Best_Wordpress_Gallery id=”7″ gal_title=”„Вкусот на Македонија“”]

[:]