[:mk]
MacBee во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, продолжува со учеството во еден од најзначајните и најголемите пчеларски проекти во Европа. Проектот на COLOSS, кој се однесува на следење и собирање податоци поврзани со загубите на пчелни семејства во Европа и годинава, благодарение на ФЗНХ и MacBee, и оваа годна ќе ги вклучи и македонските пчелари. Членот на здружението и студент на ФЗНХ, Мирољуб Голубовски во координација со доцент д-р Александар Узунов и проф. д-р Хрисула Кипријановска веќе неколку години активно работи на собирањето податоци за пчелните загуби на територијата на Република Македонија. Сериозниот пристап кон значењето на овој проект, професионалниот однос на сите вклучени субјекти, како и искрената соработка на македонските пчелари, ја прават Македонија најактивна балканска земја и една од сериозните членки во проектот на COLOSS.
Повеќе информации за ланските зимски загуби на пчелни семејства можете да погледнете на следниот линк: http://www.coloss.org/announcements/losses-of-honey-bee-colonies-over-the-2015-16-winter[:]