Одржано редовно Годишно собрание на MacBee

[:mk]

На 14.01.2017 година во Скопје, во салата за состаноци во хотел „Премиер“ беше одржано редовното Годишно собрание на MacBee.

На дневен ред се најдоа повеќе точки поврзани со активностите и плановите на здружението. Меѓу нив може да се издвојат: обемната Програма за работа за 2017 година, Одлуката за новата политика на здружението кон кандидатите за членови на здружението, Одлуката за зголемување на бројот на пчеларници со експериментални пчелни семејства и др. Беше направена и куса ретроспектива на активностите во периодот од петгодишното постоење на здружението. Координаторот на MacBee за проектот SMARTBEES со своја презентација и извештај го потврди успехот на здружението во рамки на овој меѓународен проект.

image-0-02-05-b64bd0daf3135f666d39c311dd413b0438fb3a170d8c8dd2261b57beff3280f4-V

image-0-02-05-1a2e2011f49206321fb9885d2cab6637d174fa0fedbbe7b4d1abac39664a7f99-V

[:]