ТРЕТ SMARTBEES СЕМИНАР ЗА НАЦИОНАЛНИТЕ КООРДИНАТОРИ НА ЗЕМЈИТЕ УЧЕСНИЧКИ

[:mk]

На 6 и 7 Јули 2017 година во Пулави, Полска, во организација на Институтот за пчеларство од Кирхајн, Германија, а во соработка со Институтот за хортикултурни истражувања – оддел за пчеларство од Пулави, се одржа третиот семинар за националните координатори во рамките на проектот SMARTBEES (www.smartbees.eu).

Покрај извештаите на националните координатори за напредокот во спроведувањето на проектните активности во секоја земја, особено внимание беше посветено на концептот и елементите на одгледувачките програми кај медоносните пчели (Д-р Узунов), приодот во одгледувањето пчели базиран на гранични вредности за отпорност и виталност (Д-р Бихлер), како и предизвиците во употребата и интерпретацијата на одгледувачките вредности при селекција на матици (Д-р Хопе).

Покрената е иницијатива за формирање на европска организација на одгледувачи на локални и автохтони подвидови медоносни пчели, при што е формирана работна група чија што задача е да ги утврди можностите и стратешките насоки за работа на оваа организација.

Македонија беше претставувана и оствари активно учество на семинарот преку националниот координатор за SMARTBEES Борчe Павлов.

MacBee изразува голема благодарност до Д-р Ралф Бихлер и Д-р Александар Узунов од Институтот во Кирхајн и до сите вработени во Институтот во Пулави за стекнатите знаења, извонредната организација и водење на семинарот.

Image1
Борче Павлов, SMARTBEES координаторот за Македонија, го презентира напредокот остварен за периодот од 2015 до 2017 год. (фото: Dariusz Gerula)
Image2
Учесниците на SMARTBEES семинарот за национални координатори од 6 до 7 јули 2017. Прв ред доле од лево на десно: Dr. Eliza Cauia, Dr. Beata Panasiuk, Dr. Malgorzata Bienkowska, Egoitz Galarza, Dr. Janјa Filipi, Borche Pavlov, втор ред: Thomas Galea, Dr. Andone Estonba, Dr. Ralph Büchler, трет ред: Dr. Adrian Sicenau, Dr. Justinas Kretavicius, Ilona Zamarate, Dr. Peter Kozmus, Dr. Nebojsha Nedikj, Dr. Rafaelle Dall‘Olio, најгорен ред: Dr. Andreas Hoppe, Dr. Aleksandar Uzunov, Dylan Elan (фото: Dariusz Gerula).

 

(Подготвил: Борче Павлов)[:]