MacBee со свој учесник на обуката за инструментално осеменување на матици одржана во Полска

[:mk]

Од 8 – 12 јули 2017 год. во Пулави, Полска, во организација на Институтот за пчеларство од Кирхајн, Германија, а во соработка со Институтот за хортикултурни истражувања – оддел за пчеларство од Пулави се одржа обука за инструментално осеменување на матици за земјите учеснички во проектот SMARTBEES. Од ЗГ „Македонска пчела – MacBee“ на обуката присуствуваше нашиот член Мирољуб Голубовски, со основна цел оваа техника да се воведе во нашите одгледувачки активности и да се остварува побрз генетски напредок кај македонската автохтона медоносна пчела.

Image3
Мирољуб Голубовски и Д-р Александар Узунов на обуката за инструментално осеменување (фото: Nebojsa Nedic)
Image4
Учесниците на SMARTBEES обуката за инструментално осеменување 8 до 12 јули 2017. Преден ред од лево на десно: Dr. Beata Panasiuk, Anne Laure Guirao, Dr. Leonidas Charistos, Dr. Eliza Cauia, Dr. Malgorzata Bienkowska, Egoitz Galarza, Thomas Galea, Marin Kovachikj, Dr. Rafaelle Dall‘Olio, втор ред: Dr. Jakob Wegener, Eva Cukjati, Dr. Adrian Sicenau, Dr. Aleksandar Uzunov, Dr. Nebojsha Nedikj, Miroljub Golubovski, (фото: Beata Panasiuk)

(Подготвил: Борче Павлов)

[:]