Со есенскиот перформанс тест започна новиот циклус тестирања (2017/2018 год.) во рамките на проектот SMARTBEES. Во овој циклус се тестираат вкупно 7 генотипови: 3 најдоброрангирани генотипови од претходниот циклус на тестирање 2015/2016 (www.testbees.eu/breeding.php) и 4 нови генотипови, сите распоредени во 108 пчелни семејства на 9 тестни пчеларници на различни локации во Р. Македонија. Согласно Протоколот за Перформанс тест (www.smartbees-fp7.eu/Extension/Performance/), наесен се тестираат следните особини и параметри: јачина на пчелните семејства, одбранбено однесување, смиреност на пчелите на саќето, одредување степен на инвадираност со крлеж со методот со шеќер во прав и хигиенско однесување-пин тест.
Фотогалерија
[Best_Wordpress_Gallery id=”11″ gal_title=”Есенски перформанс тест 2017/2018″]