На 28 јануари 2018 година, на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје беше одржан настанот „Пчеларски ден – знаење и дружење 2018“ организиран од MacBee. Настанот го посетија повеќе од 170 пчелари од целата држава. Освен презентациите, размената на искуства и дружењето, посетителите имаа можност да ги погледаат најновите понуди на пчеларска опрема и алати, препарати и додатоци за прихрана и медикаменти за пчели, изложени на штандовите во холот на факултетот.
Настанот беше отворен со поздравен говор на доц. д-р Ромина Кабранова продекан за настава на ФЗНХ Скопје, која меѓу другото ги истакна заложбите и активностите на факултетот за развој, промовирање и поддршка на пчеларството. Претседателот Игор Илков се осврна на активностите на MacBee во изминатиот период, а членот на здружението Борче Павлов ги претстави активностите од проектот SMARTBEES. Централниот дел на настанот му припаѓаше на гостинот од Грција, д-р Леонидас Харистос, кој преку својата презентација ги запозна присутните со начинот на пчеларење на својот пчеларник, условите за пчеларење и медоносната флора во регионот каде што пчелари.
Фотогалерија:
[Best_Wordpress_Gallery id=”23″ gal_title=”Пчеларски ден 2018″]