Претставник на MacBee на Terra Madre Salone del Gusto 2022

На меѓународниот саем за гастрономија и храна Тerra Madre Salone del Gusto, кој во организација на Slow Food, во периодот од 22 до 26 септември 2022 година се одржа во Торино, Италија, присуствуваше и претставник на MacBee како дел од президиумот Македонска пчела под закрила на Slow Food Macedonia. На настанот, кој традиционално се одржува на секои две години, членот на MacBee, Дичо Димковски, пред посетителите од цел свет ги презентираше автохтоната македонска медоносна пчела и пчелните производи добиени од истата.