Apis mellifera macedonica (Ruttner, 1988)
Македонската медоносна пчела (Apis mellifera macedonica) за прв пат е идентификувана од страна на германскиот научник Friedrich Ruttner во 1988 година. Според Ruttner, а врз основа на морфометриски истражувања на примероци на пчели работнички од целиот Балкански Полуостров, авторот посочува дека овој подвид на медоносни пчели се разликува од соседните Apis mellifera carnica и Apis mellifera cecropia. Подоцна, употребувајќи морфометриски и молекуларни анализи, ваквите резултатите се потврдени од страна на повеќе автори (опширни информации и детален преглед на литература, во однос на молекуларните и морфометриските анализи, како и биологијата на A. m. macedonica, може да се најде во MacBee intra).