[:mk]
Со цел да се соберат повеќе информации за загубата на пчелни семејства од што е можно повеќе држави, Здружението за превенција на загубите на пчелни семејства, COLOSS (Prevention of honey bee COlony LOSSes), го објави прашалникот, со кој преку одговорите на стандардизираните и унифицирани прашања за пчеларите низ цела Европа треба да се откријат ризиците и факторите за загубите на пчелните семејства. Покрај ова, методологијата на обработката на податоците треба да обезбеди информации за годишните загуби на национално ниво, како и споредба на бројот на угинати семејства помеѓу 20-те држави учесници во анкетата.
Можност за придонес кон ова имаат и нашите пчелари, кои веќе неколку години, со одредени прекини, се дел од оваа активност на COLOSS. Координатор и реализатор на овој проект за територијата на Македонија е Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје, чија Лабораторија за пчеларство во соработка со Македонското здружение за заштита на македонската медоносна пчела (Apis mellifera macedonica) ги спроведуваат сите неопходни активности за успешна реализација на анкетните прашалници.
По реализирањето на прашалниците и обработката на податоците, резултатите ќе бидат јавно објавени и достапни за сите на веб страната на COLOSS.
Прашалникот можете да го пополните со кликање на овој линк.[:]