MacBee го најавува настанот „Пчеларски ден – знаење и дружење 2018“

Македонско здружение за заштита на македонската автохтона медоносна пчела (Apis mellifera macedonica) го најавува настанот  „Пчеларски ден – знаење и дружење 2018“. Настанот кој MacBee традиционално го организира на секои две години и овојпат ќе биде од едукативно – информативен и меѓународен карактер со учество на странски експерт од областа на пчеларството и со домашни стручни предавачи. Централно место на настанот ќе завземе гостинот од Грција, д-р Леонидас Харистос. Д-р Харистос дипломирал и докторирал на Земјоделскиот факултет во Белград на областа пчеларство. Вработен е како истражувач во Институтот за пчеларство во Неа Моуданиа на Халкидики, Грција, а покрај тоа и професионално се занимава со пчеларство и поседува 500 кошници со пчели. Темата на која ќе презентира д-р Харистос ќе се однесува на целогодишен циклус на негов начин на пчеларење со специфичности својствени за неговата апитехника.

Настанот ќе се одржи на 28 јануари 2018 година, на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје.

MacBee наскоро ќе го објави и официјалниот флаер со програмата на настанот и сите останати информации и детали.