MacBee на настанот Terra Madre Macedonia 2016

[:mk]

На премиерниот настан Terra Madre Macedonia 2016, одржан од 24-26 јуни во Битола, а организиран од Slow Food Macedonia, посветен на старите вкусови, на едуцирање на новите генерации дека со комбинација на задоволство, добра храна и одговорност се гарантира опстанокот на многу сорти, раси, производи и методи на преработка, со што се обезбедува поддршка на малите фармери и на одржливиот развој на руралните средини, свое учество зеде и здружението MacBee. Во едукативниот дел од настанот со свои презентации настапија членовите на здружението Игор Илков и Мирољуб Голубовски. Илков настапи со презентацијата „MacBee президиум-активности и успеси“, додека Голубовски се претстави со презентацијата „Активости на MacBee кон заштита на Apis mellifera macedonica на територијата на Република Македонија“.

13528896_10153874105888198_5533184406048260735_n

[:]