MacBee со Президиум од Slow Food

[:mk]

Апликацијата поднесена од страна на MacBee до Slow Food Macedonia www.slowfood.mk е разгледана на највисоко ниво од страна на Меѓународната Слоу Фуд Организација (Slow Food International) www.slowfood.com и Фондацијата за биодиверзитет (Slow Food Foundation for Biodiversity) www.slowfoodfoundation.org, при што е одлучено таа да биде прифатена и MacBee да добие статус на Президиум.

Активностите кои се однесуваат на Президиумот и кон кои ќе биде насочено MacBee се заштита на македонската автохтона медоносна пчела и методите на традиционално одгледување на пчели во трмки. Активностите ќе започнат во 2015 година.   

Статусот на Президиум претставува голем успех и е од големо значење за MacBee, бидејќи е добиен во конкуренција на многу сериозни кандидати од Балканот и поради тоа што MacBee преку Президиумот ќе биде достоен репрезент на екосистемот, биодиверзитетот и здравата храна на Република Македонија во Меѓународната Слоу Фуд Организација.

[:]