MacBee со свој претставник на интернационалниот собир посветен на загубите на пчелни семејства

[:mk]

На работилницата која од 27 до 28 јануари 2015 година ќе се одржи во Копенхаген, Данска, а чија агенда е посветена на дискусија и финализирање на прашалникот поврзан со загубите на пчелни семејства во повеќе европски држави, свој претставник ќе има и MacBee. Мирољуб Голубовски, студент на Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје и негов претставник во Копенхаген, а истовремено и член на здружението MacBee, ќе земе активно учество на овој настан, на кој членови на повеќе пчеларски здруженија, експерти и научни работници од областа на пчеларството, преку заедничко сумирање на досегашните искуства и резултати од прашалниците, треба да утврдат и формираат еден унифициран европски прашалник за загубите на пчелните семејства.

Работилницата е во организација на Универзитетот во Копенхаген, Данскиот пчеларски сојуз и групата COLOSS.

[:]