MacBee со свој претставник на Salone del Gusto и Terra Madre 2014

[:mk]

На јубилејниот 10-ти по ред меѓународен саем Salone del Gusto, посветен на здравата храна во светот,комбиниран со Terra Madre, собирот на производители на здрава храна од цел свет, свој претставник има иMacBee. На глобалната манифестација организирана од Слоу Фуд, Министерството за земјоделие на Италија, властите на регионот Пиедмонт, како и домаќинот, италијанскиот град Торино, претседателот на MacBeeИгор Илков, ќе ги претстави MacBee и президиумот добиен од Слоу Фуд со македонскиот производ-мед во саќе, добиен преку традиционален начин на пчеларење.

Саемот трае од 23 до 27 октомври 2014 година, а се очекува своите здрави и традиционални рецепти и производи да ги претстават над 1000 изложувачи од преку 130 земји.

[:]