MacBee со свој претставник на Terra Madre Balkans во Дубровник

[:mk]

На третата по ред манифестација Terra Madre Balkans, која ќе се одржи од 19-22 јуни во Дубровник во организација на Slow Food и Terra Madre, MacBee ќе биде претставено од свој претставник и со свои производи. Меѓу повеќето од 200 делегати од 11 земји од југоисточна Европа, ќе се најде и членот на MacBee и делегатот на задружението за оваа манифестација, Борче Павлов, а помеѓу повеќето од 150 производи од Балканот кои се наоѓаат на каталогот Арка на вкусови на Slow Food, а кои имаат богата култура и традиција и на кои им се заканува исчезнување, ќе се најдат и производи од Apis mellifera macedonica добиени преку традиционални начини и методи на работа.

Гостин на манифестацијата ќе биде Карло Петрини, претседател и основач на Slow Food, номиниран за Нобелова награда за мир.

[:]