MacBee со учество на работилница на COLOSS на островот Уније, Хрватска

[:mk]

Од 19 до 20 мај 2016 година на островот Уније во Хрватска беше одржана работилница на работната група на COLOSS за контрола на вароата, посветена на оценување на алтернативните методи на контрола на вароата. Работилницата беше одржана со поддршка и партнерство на Универзитетот во Задар, Хрватска, Институтот за пчеларство во Кирхајн, Германија, Универзитетот во Берн, Швајцарија и Фондацијата Рикола од Лауфен, Швајцарија. На работилницата свое учество зедоа и членовите на MacBee, Мирољуб Голубовски и Борче Павлов, кои со своето активно учество не само на оваа работилница, туку и во останатите активности на COLOSS, константно придонесуваат за напредокот и резултатите на интернационалната работна група за контрола на вароата.

13240099_10153787632268198_9098402336935518883_n

13267803_10209545342254726_5161637646911836611_n

фото: Facebook профил на Мирољуб Голубовски

[:]