MacBee со учество на Фестивалот на Цивика Мобилитас: „Ден на граѓанските организации и социјалните претпријатија“

На Фестивалот „Ден на граѓански организации и социјални претпријатија“ во организација на Цивика Мобилитас, а поддржан од Швајцарската амбасада во Македонија, свое учество имаше и MacBee. На промотивно-информативниот штанд на здружението, посетителите можеа да се запознаат со работата на MacBee, значењето од одгледувањето на локални подвидови на пчели, преку кошница за набљудување да ги препознаваат медоносните пчели и да се информираат за карактеристиките на македонската автохтона пчела и да дегустираат мед добиен од истата.

На настанот учествуваа повеќе од 110 граѓански организации, социјални претпријатија, задруги и останати субјекти.