MacBee успешно претставено на Terra Madre Balkans

[:mk]

Од 19 до 22 јуни во Дубровник беше одржан третиот по ред саем Terra Madre Balkans. На саемот учествуваа над 250 делегати кои ја презентираа традицијата на својата храна и заеднички ја пренесоа пораката за заштита на нивните реткости.

На манифестацијата која беше поделена во два дела, учество зеде и делегатот на MacBee, Борче Павлов. Во првиот дел од саемот, посветен на презентирање и продажба на традиционалните производи и храна од целиот Балкан, нашиот делегат се претстави со производот мед во саќе добиен од Apis mellifera macedonica. Вториот дел од Terra Madre Balkans наменет за конференциски средби, презентации, тркалезна маса и работилници, беше исполнет со содржини посветени на одржливото производство на здрава храна, донесување на стратегии за традиционални производи, едукација на младите околу здравата храна, вмрежување итн. беше одлична прилика за промовирање на здружението и остварување на контакти за идна соработка со учесниците и посетителите на саемот.

[:]