На настанот „Ден на органско производство и форум за еко туризам преку регионални практики“, кој во организација на здружението на граѓани „Еко Партнерс“ се одржа на 17 септември 2022 година во Скопје, со свој штанд се претстави и MacBee. Посетителите на настанот, преку промотивниот штанд на MacBee имаа можност да дознаат повеќе за работата и делувањето на здружението, неговите активности, преку кошница за набљудување одблиску да погледаат како функционира пчелното семејство и да пробаат пчелни производи. На настанот учествуваа преку 30 граѓански организации, задруги, органски производители и изработувачи на ракотворби, а дел од нив ги презентираа своите успешни приказни во полето во кое работат.
![](https://macbee.mk/wp-content/uploads/2022/09/viber_image_2022-09-17_16-47-03-751-768x1024.jpg)
![](https://macbee.mk/wp-content/uploads/2022/09/viber_image_2022-09-17_16-47-03-655-1-768x1024.jpg)