SWG RRD со поддршка за MacBee во услови на пандемија со COVID-19

SWG RRD (The Regional Rural Development Standing Working Group in the South-Eastern Europe) во рамки на Повикот до граѓанските здруженија за итна поддршка во услови на пандемија со Ковид-19 како дел од проектот „Поддршка за економска диверзификација на руралните области во Југоисточна Европа преку развој на синџир на вредности“, го поддржа MacBee во реализирање на активности преку кои се подобрија функционирањето и делувањето на здружението во услови на пандемија.

Со поддршка на SWG RRD беше набавена пчеларска опрема за членовите на MacBee, набавени се материјали за промоција на здружението и неговите активности и обезбедена е поддршка во он-лајн функционирање на здружението и неговите органи.